КАКО СЕ КРОЕШЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - Претседателската дебата во Софија открива неверојатни тајни

Vecer | 30.10.2026

КАКО СЕ КРОЕШЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - Претседателската дебата во Софија открива неверојатни тајни

Односите со Македонија и судбинскиот „француски предлог“ се најдоа во центарот на експлозивниот судир меѓу претседателските кандидати Илијана Јотова и Андреј Ѓуров за време на вчерашната зажарена предизборна дебата на Бугарската национална телевизија (БНТ)!

Дебатата веднаш се претвори во отворена политичка пресметка откако актуелната потпретседателка Илијана Јотова испрати бескомпромисна порака дека Софија во никој случај не смее да отстапи од досегашните услови кон Скопје. Таа тврди дека на теренот нема никаков напредок во заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест во македонската држава, децидно порачувајќи: „Во мое лице гледате човек кој нема да отстапи ниту сантиметар од веќе договореното!“.

Јотова јавно ги отвори тајните кујни околу создавањето на францускиот предлог, откривајќи дека тогашниот министер за надворешни работи постојано го посетувал кабинетот на претседателот Румен Радев за да го кројат документот во директна координација со луѓето на францускиот претседател Емануел Макрон. Притоа, таа го обвини поранешниот премиер Кирил Петков дека бил потполно неинформиран и дека зад грб планирал да оди во Скопје за да ја разводни бугарската позиција.

Од друга страна, Андреј Ѓуров застана во цврста одбрана на тогашните владини потези, нагласувајќи дека целта била националните интереси на Софија да се преточат во официјална и задолжителна европска политика. Ѓуров истакна дека условот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав претставува клучна гаранција, отфрлајќи ги обвинувањата дека тогашната власт предала било каков национален интерес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk