logo
logo
logo

Бугарија под удар на невреме

(ВИДЕО) ХАОС ВО БУГАРИЈА - поројни дождови ја потопија Варна, улиците се претворија во реки

Vecer | 22.07.2026

(ВИДЕО) ХАОС ВО БУГАРИЈА - поројни дождови ја потопија Варна, улиците се претворија во реки

Поројните дождови што ја зафатија Варна предизвикаа сериозни проблеми низ градот, а до попладневните часови до општината биле поднесени речиси 100 пријави од граѓани, јавуваат бугарските медиуми.

Најголем дел од пријавите се однесуваат на поплавени улици, подруми и деловни објекти, како и на нефункционални семафори и затнати шахти. Граѓаните пријавиле и паднати дрвја, меѓу кои и на улицата „Атанас Калчев“ во населбата Аспарухово.

Надлежните служби се на терен и работат на отстранување на последиците од невремето, додека локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните известувања.

Од Општина Варна појаснуваат дека сите пријави се проследуваат до надлежните општински дирекции и останатите одговорни институции за да ги преземат потребните мерки.

Невремето предизвикало проблеми и во самата зграда на Општина Варна. Поплавени се просториите на секторот „Граѓанска помош“, каде се работело на санирање на последиците.

Во Бургас исто така наврнала голема количина дожд, кој бил проследен со силен ветер. Во Приморско невремето урнало и два балкона од згради.

Бурата ги зафатила и Китен и Лозенец, од каде што исто така пристигнуваат пријави за поплавени улици и паднати дрвја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk