На Хрватска и требаат странски работници - 12% ОД ВКУПНИОТ БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ!

Vecer | 23.10.2026

На Хрватска и требаат странски работници - 12% ОД ВКУПНИОТ БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ!

Македонската влада објави дека има криза во пополнување на работни места во некои сектори како градежништвото, занаетчиските дејности у услгите. Зависно од проектите и нивната динамика таа потреба се движи од 20 до 40.000 работници.

Хрватите имаат уште поголеми проблеми од истиот вид, им недостасуваат работници колку што има жители Сплит, најголемиот град во Хрватска после Загреб. 

Според хрватски службени извори, објавени на порталот Financije.hr на Хрватска ќе ѝ бидат потребни околу 450.000 до 500.000 странски работници до 2030 година за да го компензира недостигот од работна сила - што е околу 12-15% од сегашниот вкупен број на жители во Хрватска (3,8 милиони жители).

Проценките на Светската банка се пооптимистички од хрватските власти. Тие покажуваат дека поради стареењето и намалувањето на домашното население, вкупниот недостиг од работници би можел да достигне до 350.000 луѓе до 2030 година (со намалување на домашната понуда на работна сила за околу 291.000 со дополнителна побарувачка од економијата од околу 36.000 работници).

Според проекцијата на банката, понудата на работна сила во Хрватска ќе се намали за околу 291.000 луѓе до 2035 година, додека на економијата ќе ѝ бидат потребни околу 36.000 работници повеќе.

Трендот на зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста во Хрватска треба да продолжи до крајот на деценијата, според Деловната стратегија на Хрватската служба за вработување (ЦЕВ) до 2030 година.

Хрватската служба за вработување, претпоставувајќи дека бруто домашниот производ на Хрватска ќе расте со стапка од 2,5 проценти годишно, очекува бројот на вработени лица да се зголеми од околу 1,73 милиони во 2025 година на 1,84 милиони во 2030 година, или за речиси 110.000.

Во исто време, бројот на невработени лица во Хрватска треба да се намали од сегашните околу 80.000 на помалку од 60.000.

Потребата за странска работна сила во Хрватска силно расте во последните години, особено во градежништвото, туризмот, транспортот, индустријата и услужните индустрии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk