Во Берлин се одржува состанок на лидерите на државите од „Коалицијата на волните“, посветен на поддршката за Украина во одбраната од руската агресија, но меѓу бројните официјални средби и панел-дискусии, особено внимание кај новинарите привлече една неформална и комична ситуација меѓу албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега, Барт де Вефер.
Додека белгискиот премиер се подготвуваше да даде изјава пред медиумите, зад говорницата помина Еди Рама, кој застана и со едната рака срдечно го прегрна Де Вефер. Белгискиот премиер во истата секунда духовито искоментира: „Ова мора да е Албанецот. Тој секогаш доаѓа од зад грб“, предизвикувајќи општа смеа кај присутните новинари и камерите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата