Грцција се соочува со една од најтешките огнени стихии ова лето. Разорни шумски пожари беснеат на повеќе острови, зад себе оставајќи човечки жртви, уништени домови и масовни евакуации. Најмалку тројца пожарникари загинаа во обид да ги стават пожарите под контрола, додека десетици туристи беа спасувани со бродови од плажите во Крит.
Шумските пожари од вчера бесенеат на повеќе острови низ Грција, меѓу кои најпогодени се Крит, Парос и Лезбос. Поради силниот ветер огнот брзо се проширил, а најкртичина била состојбата во регионот Ретимно на Крит, каде пожарите зафатија неколку села и принудија надлежните да наредат евакуации.
Пожарникарите во Грција се подготвени за оваа ситуација во лето и брзо реагираат, обидувајќи се да ја стабилизираат огнената стихија, но ветерот дополнително им ја отежнува интервенцијата.
За жал, тројца од нив го изгубиле животот борејќи се со огнот – двајца на Крит и еден во околината на Пелопонез, пренесуваат грчките медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата