Јотова е следниот претседател(ка) на Бугарија

Vecer | 01.11.2026

Јотова е следниот претседател(ка) на Бугарија

Илијана Јотова и Кирил Валчев освоиле меѓу 57,1 и 58,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од излезните анкети на социолошките агенции „Мјара“ и „Алфа Рисрч“.

Според податоците на „Мјара“, при обработени 90 отсто од податоците, Јотова и Валчев добиле 58,1 отсто од гласовите, додека нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 38,6 отсто. Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 3,2 отсто од гласачите.

Разликата меѓу двата кандидатски пара, според „Мјара“, изнесува 19,5 процентни поени, а излезноста до 20 часот била 27 отсто.

Податоците на „Алфа Рисрч“, врз основа на 80 отсто од паралелното броење, исто така покажуваат водство на Јотова и Валчев со 57,1 отсто од гласовите. Ѓуров и Кандев добиле 39,3 отсто, додека 3,6 отсто од гласачите ја избрале опцијата „Не поддржувам никого“.

Според оваа агенција, разликата меѓу двата пара изнесува 17,8 процентни поени, а излезноста до 20 часот била 28,1 отсто.

Резултатите се прелиминарни и се однесуваат на излезни анкети и паралелно броење, а не на конечните официјални резултати на Централната изборна комисија на Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk