logo
logo
logo

(Вознемирувачко ВИДЕО) МАФИЈАШКА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО БЕЛГРАД - Се ракуваа и му пукаше во грб!

Vecer | 23.06.2026

(Вознемирувачко ВИДЕО) МАФИЈАШКА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО БЕЛГРАД - Се ракуваа и му пукаше во грб!

Контроверзниот 46-годишен Дарко Весковиќ, во подземјето и на улиците со години познат под прекарот Прика, е брутално ликвидиран вчера попладне во кафуле во белградската населба Кумодраж, пренесива N1.

Во нападoт, уште едно лице, кое седело во негова близина, е тешко рането и во моментов се бори за живот во болница. Српските медиуми пренесуваат дека во главниот град на Србија владее вистинска воена состојба, откако полицијата веднаш ги блокирала сите излези и започнала масовна потрага по ладнокрвниот егзекутор кој успеал да побегне во непознат правец.

Сведоците на овој филмски хорор откриваат морничави детали за егзекуцијата која траела само неколку секунди. Напаѓачот најпрво сосема смирено пришол до масата каде што седел Весковиќ, пријателски се поздравил со него за да ја прикрие намерата, а потоа ненадејно извадил оружје и почнал да пука директно во него. Откако го смртно го погодил Прика, тој без никакво двоумење испукал цел шаржер и кон другиот маж кој седел на истата маса, оставајќи зад себе крвава бариве и паника во локалот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk