ВИДЕО | НИТУ ГОДИНИТЕ НИТУ ПОЛИЦИСКИОТ КОРДОН НЕ ЈА ЗАПРЕА – „Бабата на револуцијата“ стана симбол на протестите против Рама

Vecer | 23.11.2026

ВИДЕО | НИТУ ГОДИНИТЕ НИТУ ПОЛИЦИСКИОТ КОРДОН НЕ ЈА ЗАПРЕА – „Бабата на револуцијата“ стана симбол на протестите против Рама
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Повозрасна жена која со налепници на полициските штитови им се придружила на демонстрантите во Тирана стана еден од најпрепознатливите симболи на протестите против албанскиот премиер Еди Рама.

Снимката на која таа му приоѓа на полицискиот кордон и лепи налепници на штитовите на припадниците на специјалната полиција брзо се прошири на социјалните мрежи.

Демонстрантите ја нарекоа „Nona e Revolucionit“, односно „Бабата на револуцијата“. Нејзиниот гест беше протолкуван како симбол на граѓански отпор и поддршка за младите кои бараат политички промени во Албанија. Протестите против Рама траат со месеци, а демонстрантите бараат суштински политички промени во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk