Српскиот портал и евсник Данас, еден од најжестоките приврзаници на новата власт од Студентска листа објави вест која внесува забуна во јавноста, а тоа е дека Европската унија следи што се случува во Србија и има план за создавање поделба во новата власт.
Она што е дополнително интересно е дека руските медиуми кои се блиски до властите во Москва, како Спутник и Раша тудеј (РТ) конитнуирано објавуваат афирмативни вести за новата власт во Србија и вести за апсењата по изборите на градоначалници, бизнисмени и вработени во полицијата и разузнавањето без коментар, онака како што афирмативно ги објавуваат медиумите блиски до Студентска листа.
За разлика од тоа водечките медиуми во Русија ретко, или воопшто, пренесуваат вести од изјави или објави на власта во замнување за физички напади и апсења без основ на нивни членови, функциоиенри и симпатизери по изборите. Овој пресврт е се уште енигма за српската јавност.
Што објави Данас:
„Европската Унија е загрижена за можноста Србија да одржи независен политички курс по победата на движењето „Студентски список“ на парламентарните избори во таа земја“, објави прес-службата на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Русија, чиј директор е Сергеј Наришкин, пренесува „Руска Газета“.
Како што веруваат во рускиот СВР, Брисел е решен да обезбеди потчинување (контрола) на лидерот на Студентска листа.
Според оваа служба, “„либералните еврототалитари“ се подготвени да го искористат целиот „шпионско-дипломатски“ потенцијал што им е на располагање - од директно поткупување до софистицирано компромитирање на српските политичари кои не сакаат да им се покоруваат“
СВР додаде дека Брисел е особено иритиран од одбивањето на Студентска листа да ги прекине врските со Русија и да се придружи на западните санкции против Москва, како и од нејзината намера да се залага за правата на сонародниците во Република Српска во Босна и Херцеговина.
„До резиденциите на европските разузнавачки служби во Белград веќе се испратени итни наредби – германската БНД, француската ДГСЕ и други – да се идентификуваат најсилните и најнезависните лидери во студентското движење, со цел да се изолираат, потпирајќи се на традиционалниот европски принцип „раздели па владеј“, и да се предизвикаат поделби и раздор во редовите на движењето што победи на изборите“, се вели во соопштението, објави ТАСС.
Европските разузнавачки служби добија инструкции да предизвикаат поделби во редовите на Студентската листа, соопшти Руската служба за надворешно разузнавање.
Данас нема став или коментар за оваа вест, како ни реакција од Студентска листа.
Референдум за влез во ЕУ најавува новата власт

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е вознемирена од ставот на новата власт во Србија која објави дека нема да го признае Косово и дека нема да ги прекине врските со Москва, се вели во соопштението на СВР.
„Раководството на Европската унија е загрижено поради недостатокот на желба на Студентската листа, победникот на изборите, да ги следи директивите и упатствата од Брисел“
„Нема сомнение дека, во случајот со Србија, европските обиди да ја наметнат сопствената волја ќе наидат на отпор од упорниот и мудар српски народ“, нагласи СВР.
Новото парламентарно мнозинство во Србија планира референдум за членство во ЕУ што би можел да се одржи пред 2031 година, изјавија претставници на Студентската листа за порталот Рапортер.
Според истражување на Центарот за европска политика (CEP) / анкета за Делегацијата на ЕУ (јануари/јуни 2026): само 36% од граѓаните би гласале за влез на Србија во ЕУ.
Оттаму, за да има успешен референдум кој новите власти го најавуваат нема да биде доволно само медиумската и вербална поддршка на власта за подигање на привлечноста за членство во ЕУ туку ќе мора и од Брсиел да се добијат одредени јасни и корисни чекори на поддршка за јавноста да го смени сегашниот став.
А за да стаса финансиска и политичка поддршка од Брисел Србија прво мора да стави санкции на Русија и да отпочне преговори за признавање на самостојноста на Косово низ моделот “добрососедска соработка“ што секако би влијаело на рејтингот на новата власт што може да ги загрози посакуваните резултати од референдумот.
Рапортер исто така истакнува дека Студентската листа не го споменува членството во ЕУ во својата програма за надворешна политика, објавена пред изборите.
Дури и со реформска влада во Белград, европските амбиции на Србија сè уште се соочуваат со неколку пречки, оценува Рапортер и додава дека најавата на Студентската листа дека нема да воведува санкции кон Русија е уште една од главните точки на несогласување со Брисел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата