Несреќа на ескалатор во Белград: 10 ДЕЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ПОРАДИ ВРВКА НА ПАТИКА

Vecer | 17.11.2026

Несреќа на ескалатор во Белград: 10 ДЕЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ПОРАДИ ВРВКА НА ПАТИКА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во новиот, голем мол (трговски центар) Галерија во Белград се случи несреќа при движење на подвижните скали во центарот по што десет деца на возраст од 8 и 9 години се повредени од кои седум со поереди на главата се задржани во клиниките.

Несреќата во белградскиот трговски центар Галерија се случи откако врвките на чевлите на едно од децата се заглавиле во механизмот на ескалатор.

Според информациите , едо од децата ја изгубило рамнотежата поради заплеткана врвка на патиките и паднало, по што другите деца кои се движеле директно зад него не успеале да застанат, што довело до пад од синџир.

Четири екипи на брза помош веднаш биле испратени на местото на несреќата. Едно возило на брза помош со пет повредени деца веќе е пренесено во надлежната здравствена установа, додека преостанатите медицински екипи продолжуваат да ги лекуваат другите деца на земја.

На видеата и фотографиите снимени веднаш по инцидентот, може да се види дека на некои од децата им е укажана прва помош на лице место, вклучително и лекување на повреди на главата.

Точниот степен на повреди на згрижените деца ќе се знае по деталната дијагностика во болницата.

Неофицијално, децата, на возраст од околу осум години, биле со својата наставничка во киното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk