logo
logo
logo

РАДЕВ СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ЕУ? - Бугарија веќе нема да дава пари и оружје за Украина, се повлекува од Коалицијата

Vecer | 14.07.2026

РАДЕВ СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ЕУ? - Бугарија веќе нема да дава пари и оружје за Украина, се повлекува од Коалицијата

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев, пренесе БГНЕС.

Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, оценува Блумберг.

Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во војната. Тој нагласува дека се залага за „прагматични“ односи со Кремљ.

Иако учествуваше на претходните состаноци, Бугарија вчера не испрати свој претставник на состанокот на коалицијата во Париз.

„Ние не учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина“, изјави Радев денес за новинарите. „Решението за овој конфликт не лежи во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија која конечно ќе ја запре ескалацијата“, додаде тој.

Радев уште минатата година изјави дека Европската унија нема своја визија за крај на војната во Украина, нагласувајќи ја неможноста на Европа да издејствува дипломатски мир во Украина, туку уништувањето на земјата продолжува со уште поголем број жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk