logo
logo
logo

НАЈАВА ЗА НОВИ АПСЕЊА ВО КОСОВО - Ќе има ли некој и од кај нас?

Vecer | 17.09.2026

НАЈАВА ЗА НОВИ АПСЕЊА ВО КОСОВО - Ќе има ли некој и од кај нас?

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон Мехмети, преку објава на својот Фејсбук-профил тврди дека во ноември се очекуваат нови апсења, а дека имињата на лицата кои би биле приведени веќе се познати. Во кратката објава, означена како ексклузивна, Мехмети наведува: „Во ноември се очекуваат нови апсења… се знаат и имињата“.

Најавата доаѓа непосредно по пресудите што Специјализираниот совет во Хаг ги изрече на 16 септември 2026 година против поранешните раководители на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Во коментарите под објавата се споменуваат можни врски со тие судски процеси и со пошироки истраги поврзани со настани од крајот на 1990-тите години.

Досега нема официјална потврда од институциите во Косово или од Специјализираниот совет за какви било нови апсења закажани за ноември, ниту пак се објавени конкретни имиња.

Сепак, останува отворено прашањето – дали меѓу тие имиња ќе има и лица од Македонија?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk