ПРОКЛЕТСТВО НА СРПСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ: Сите четворица паднаа после вонредни избори

Vecer | 02.11.2026

ПРОКЛЕТСТВО НА СРПСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ: Сите четворица паднаа после вонредни избори

Во поновата историја на Србија, никој од српските претседатели што го скратил сопствениот мандат и излегол на вонредни избори не ги преживеал изборите - обидот за зацврстување на власта преку предвремено гласање се претвори во фатална стапица за четири лидери, претседтаели на Србија по распадот на СФРЈ.

Постои паралела помеѓу Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ и Вучиќ: заеднички им е обидот да ја зајакнат власта со скратување на своите мандати и одржување предвремени избори, но сите ги загубија тие вонредни избори.

И покрај сите политички, системски и историски разлики, постои една јасна паралела помеѓу Александар Вучиќ, Слободан Милошевиќ, Воислав Коштуница и Борис Тадиќ. Овие прилично долговечни лидери воспоставија еден вид легитимитет. Владееа претежно во бурни времиња оптеретени со косовскиот проблем, балансот помеѓу распространетото русофилство по НАТО бомбардирањето на Србија и Црна Гора и рационалната потреба за членство во ЕУ кое за Србија е враќање на прозападната култура востановена уште од првите српски владетели како Кнез Милош или првиот Крал Милан уште во 19-тиот век. 

За разлика од Хрватска и Словенија каде помеѓу двете светски војни доминира руското (советско) влијание чии комунистички функционери беа најчести од сите во Југославија во советските политички школи и обуки за разузнавање и ширење на комунизмот и функционери во Коминтерна, а по Втората светска војна ги преземаа главните разузнавачки и економски функции во Социјалистичка Југославија.

Од Јосип Броз Тито како шеф на државата. По војната заменик на Тито во воената овласт е Иван Гошњак. Началникот на ОЗНА и министер за внатрешни работи по војната - Иван Стево Крајачиќ, најпознаиот советски шпион од Југославија Јосип Копинич... Словенија со Иван Кардељ и Борис Кидрич кои ја водеа економијата на Југославија под Тито... Комунизмот во Србија не фати корен до крајот на Втората светска војна иако Србите и Црногорците беа, според уделот во населението, најмасовни во НОБ и со најмногу жртви во НОБ и во времето на Информбиро 1948-1952.

Комунистичката партија на Србија, за разлика од сите други републики кои основаа комунистички партии пред и за време на војната, српската е основана на самиот крај на Втората светска војна, на 8 мај 1945 година, на денот кога војната завршува. Хрватска и Словенија имаа основно Комунистички партии уште во 1937 година.

Но, распадот на Југославија ги смени улогите. Словенците и Хрватите од најкомунисти станаа најевропјани, а Србите (и Црногорците) заглавија во воената магла. Нивните претседатели, потоа, станаа заробеници на источното верско и културено влијание, и решавање на внатрешните и надворешни тензии околу решенијата на тој терет.

И сите нивни претседатели завршија на ист начин - на вонредни избори.

Неизбежен образец

Александар Вучиќ во 2026-та го направи она што го направи тогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ во 2000-та година. Војислав Коштуница како претседател и премиер на Србија во 2008 година и Бороис Тадиќ во неговиот втор претседателски мандат во 2012 година. Во сите четири случаи, се случи тие како лидери и нивните партии да ги изгубат изборите. Социјалистичката партија на Србија на Милошевиќ, Демократската партија на Србија на Коштуница и Демократската партија на Тадиќ никогаш не добија втора шанса да ја вратат толку убедливата моќ и денес се зборува за нив како самоуништени политички сили, што беше потврдено и на овие избори.

Преземајќи ризик што не се исплатеше, Вучиќ и Српската напредна партија го потврдија овој образец, но тие сè уште се борат против политичкото „проклетство“ што ги снајде Милошевиќ, Коштуница и Тадиќ, пишува српскиот портал Курир.

Уредникот на „Нова српска политичка мисла“, Ѓорѓе Вукадиновиќ, за Курир вели дека може да се зборува за еден вид политичка судбина, односно за судбината на Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ и Вучиќ, која се повторува како речиси неизбежен образец.

Секоја од овие четири приказни е различна и има свои специфики, но заедничкиот именител е дека некој што ги држел уздите на власта и можеби имал причини, но не и краен притисок или обврска да распише избори, го одиграл овој ризичен потег и на крајот изгубил. Ова е веќе повторено толку многу пати и мислам дека ќе мора да чекаме многу долго за следниот таков случај. Сите ќе се држат настрана освен ако не се принудени.

Дури и Вучиќ не бил принуден, особено не морал да поднесе оставка од претседателската функција и да оди на претседателските избори.

- “И тука реално направил погрешна проценка, исто како Тадиќ и Милошевиќ пред него. Мислеа дека ќе го покачат резултатот од нивната листа, но всушност се покажа дека само ја изгубија својата позиција и моќ. Иако секој случај е специфичен, тие имаа заеднички мотив. И секој од нив грешеше. Кога ќе ја погледнеме иднината на сите нив и нивните партии, тие повеќе или помалку ги завршија своите политички кариери, некои веднаш, а некои малку подоцна. Ништо не е гарантирано, но не е исклучено истото да се случи и во овој последен случај. Секако е рано за таква проценка“ вели аналитичарот Вукадинивиќ.

Политичкиот филозоф Драгољуб Којчиќ оценува за Курир дека “најновото скратување на мандатот има една специфичност во споредба со претходните. Се покажа дека во никој случај тоа не донесе позитивен исход за шефовите на државите. Сепак, кога станува збор за повикот на Вучиќ за предвремени парламентарни избори, неговиот мотив е фундаментално различен од случаите на Милошевиќ и Тадиќ. Тие ја направија проценката врз основа на критериумите за корисност за нивниот реизбор. Во последните две години, Вучиќ постојано нудеше избори на опозицијата, а таа, како клацкалка, понекогаш го бараше тоа, а потоа упорно го избегнуваше.

Кога автономно, сосема самостојно, донесе одлука дека изборите сепак ќе се одржат на 25 октомври, Вучиќ не се водеше од проценките за својот нов избор за премиер, туку исклучиво, како и во претходните понуди, сакаше да ја води земјата во мирни води како државник, не давајќи приоритет на личните или партиските интереси, заклучува Којчиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk