logo
logo
logo

ВУЧИЌ ОДИ ВО ЦРНА ГОРА, иако доби препорака од службите да не патува

Vecer | 04.06.2026

ВУЧИЌ ОДИ ВО ЦРНА ГОРА, иако доби препорака од службите да не патува

Српските ебзбедносни служби јавно го повикаа претседателот Александар Вучиќ да не патува на самитот Е- - Западен Блакан во Тиват поради загорозена безбедност од страна на црногорската мафија, поточно од Кавачки нарко клан. Особено затооа што се создадени и политички тензии откако валстите на Црна Гора вчера вратија авион полн со 90 српски патници оценувајќи дека патниците се “безбедносен ризик“ за Црногорците. 

Вучиќ на прес конференција се осврна на претстојното патување во Црна Гора. Тој рече дека ќе оди во Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан и покрај предупредувањето на БИА дека неговиот живот е во опасност и нагласи дека е важно за него да ја претставува Србија таму и дека ќе каже сè што има да каже во Тиват.

„Во врска со Безбедносната и информатичката агенција, добив писмо, го прочитав, секако не разговарав за тоа со г-дин Кошта, одам во Црна Гора и за мене е многу важно да ја претставувам Србија, така што сè е нормално“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Кошта.

Тој одговараше на новинарско прашање дали го видел предупредувањето на БИА дека неговиот живот е во опасност поради активностите на криминалните кланови во Црна Гора и дека не треба да оди во Тиват, како и на прашањето дали ќе ја прифати оценката на безбедносните служби и ќе се откаже од патувањето, кое носи сериозна безбедносна закана и дали разговарал за оваа безбедносна закана со Кошта.

Вучиќ истакна дека за други работи ќе зборува во Црна Гора, а не во Белград.

„Наместо тоа, ќе одам долу и ќе си кажам во лице сè што имам за тие разни игри каде што Србија е претставена како мала Русија, а тие се претставени како балтички земји, грубо, секогаш загрозени од нас и така натаму. Значи, ќе зборувам за тоа, но во Црна Гора. Знаете, бидејќи не се плашам да ја кажам вистината, ќе зборувам и за тоа“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk