logo
logo
logo

Кога Грција ќе реши да пушта без сликање ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ СЕ НА ГРАНИЦА

Vecer | 11.05.2026

Кога Грција ќе реши да пушта без сликање ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ СЕ НА ГРАНИЦА

Евентуалното привремено запирање на новиот европски систем за влез и излез ЕЕС на грчките граници не би можело да се применува само за патници од одредени држави, туку би важело за сите кои во тој момент чекаат на граничниот премин, изјави директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ.

Тој за РТС појасни дека контролата не може да се врши на национална основа и дека, доколку системот привремено се суспендира, тоа ќе се однесува на сите патници кои треба да бидат регистрирани во ЕЕС во тој момент. Според него, иако Европската комисија има јасни правила, граничните служби често постапуваат по сопствена проценка.

Темата повторно се актуелизира откако грчката Влада одлучи британските туристи привремено да не подлежат на биометриска контрола при влез во земјата, поради страв од големи гужви на границите и аеродромите.

Во април, туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија побара од Грција привремено одложување на примената на ЕЕС и за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Од грчката Влада претходно порачаа дека ќе ја следат состојбата и ќе преземаат мерки согласно регулативата, додека примената на системот веќе предизвика редици и на преминот Евзони–Богородица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk