logo
logo
logo

СИ ЈА ИЗБРИЧИЛ ГЛАВАТА, манијакот од Нов Белград снимен во менувачница, ЖЕНАТА ИЗБОДЕНА со 9 убодни рани (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 28.12.2025

СИ ЈА ИЗБРИЧИЛ ГЛАВАТА, манијакот од Нов Белград снимен во менувачница, ЖЕНАТА ИЗБОДЕНА со 9 убодни рани (ФОТО+ВИДЕО)

Манијакот кој вчера избоде баба во Нов Белград, по кого белградската полиција интензивно трага, бил забележан на трафика, со променет физички изглед.

Се сомнева дека манијакот купува сок со парите што ги украл од несреќна жена (67).

На видеото од вчера, напаѓачот имал брада, а сега избричен и без капа, но сè уште шета низ Белград во идентично одело.

Жена (67) која вчера беше избодена од непознат маж на влезот на зграда во Нов Белград, од утрово е во стабилна состојба, иако претрпела дури девет убодни рани!

По убодот, ранетата жена била пренесена во Ургентниот центар, а лекарите констатирале повреди на речиси целото тело.

- Таа добила три убодни рани во пределот на десната клучна коска, една во левата клучна коска, четири во левото рамо и една во главата, а ѝ бил дијагностициран и пневмоторакс. По приемот во болницата, лекарите ја прегледале и ги санирале раните, па затоа била сместена на интензивна нега и лекарите ја следат нејзината состојба - пишуваат мједиумите и додаваат:

- Иако добила дури девет убодни рани, за среќа нејзиниот живот не е загрозен. Од утрово е во стабилна состојба, нејзината состојба сè уште се следи и ќе се направат дополнителни анализи. Најважно е што нејзиниот живот не е во опасност, соопштија лекарите.

Вчера насред бел ден, маж влегол во зградата по жена која водела дете, најверојатно внук, не постаро од седум години. Кога жената со детето почнала да се качува по скалите, тој одеднаш почнал да ја боде.

- Ја бодел и ја избодел, на крајот ја искинал чантата од нејзиното рамо, жената се струполила по скалите, а тој излегол. Момчето ја гледало целата сцена од скалите, а кога напаѓачот си заминал, се приближил до бабата - се гледа на видеото.

Монструозниот напад е снимен од камера од ходник на зградата, а снимката е многу вознемирувачка.

Камерите од околните згради во Блок 37, каде што се случи сè, го снимија движењето на осомничениот пред и по прободувањето.

Полицијата интензивно го бара осомничениот од вчера, објавена е негова фотографија, а министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утрово изјави дека тој сè уште не е идентификуван.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk