Кос: ГРАДЕТЕ ДОВЕРБА, соработувајте – тоа ги отвора вратите кон Европа

Vecer | 08.10.2026

Кос: ГРАДЕТЕ ДОВЕРБА, соработувајте – тоа ги отвора вратите кон Европа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека за Европската комисија од суштинско значење се добрососедските односи и зајакнувањето на довербата преку конкретна соработка во областите каде што тоа е веднаш изводливо.

Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од билатералните средби, Кос нагласи дека токму таквиот прагматичен пристап може да ги отвори вратите за поширока регионална интеграција, потсетувајќи дека меѓусебната соработка останува темел на европските вредности.

- Многу е важно да се гради довербата. Ние сме на добар пат, а исто така сме на пат да соработуваме во областите во кои тоа е можно и можеби тоа може да ни ги отвори вратите за поширока соработка - рече Кос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk