Хрватска ја крева рампата за Црна Гора – Пленковиќ предупредува: БЕЗ ДОГОВОР ЗА ГРАНИЦАТА НЕМА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Vecer | 11.11.2026

Хрватска ја крева рампата за Црна Гора – Пленковиќ предупредува: БЕЗ ДОГОВОР ЗА ГРАНИЦАТА НЕМА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја предупреди Црна Гора дека нема затворање на преговорите со Европската Унија(ЕУ) без договор за границата.

Изјавата ја даде на седница на Хрватскиот сабор, одговарајќи на прашање на пратеникот од ХДЗ, Андро Крстуловиќ Опара, за споровите меѓу двете држави.

Крстуловиќ Опара предупреди на ставовите на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во врска со спомен-плочата во Морињ и договорот за границата, оценувајќи дека тие не придонесуваат за брзо решавање на споровите. Пленковиќ објасни дека до Црна Гора е доставен предлог-договор за копнената граница и дека принципите на Бадинтеровата комисија за разграничување би требало да бидат прифатливи за Подгорица.

„Ако тоа не ѝ одговара на Црна Гора, тогаш испраќа порака дека не може да го прифати принципот на Бадинтеровата комисија и дека не верува во принципот според кој републичките граници се истовремено и граници меѓу државите настанати по распадот на поранешна СФРЈ“, рече Пленковиќ.

Вели дека таквиот став би претставувал сериозен проблем за европскиот пат на соседот.

Хрватска претходно инсистираше на решавање на сите отворени прашања со Црна Гора пред да го поддржи нејзиното членство во ЕУ. Подгорица на 20 октомври одлучи да го промени името на базенот во Котор, кој го носеше името на Зоран Гопчевиќ, поранешен чувар во логорот Морињ, а потоа го одобри и поставувањето спомен-плоча на местото на некогашниот логор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk