logo
logo
logo

Нови правила во Црна Гора: БЕСПЛАТНИ ЛЕЖАЛКИ ПО 17 ЧАСОТ САМО ЗА ЛОКАЛЦИТЕ

Vecer | 20.07.2026

Нови правила во Црна Гора: БЕСПЛАТНИ ЛЕЖАЛКИ ПО 17 ЧАСОТ САМО ЗА ЛОКАЛЦИТЕ

Често се случува туристите на црногорското приморје да доживеат непријатности поврзани со услугата на плажите, а новите правила воопшто не ја прават ситуацијата попримамлива за посетителите.

Имено, според пишувањето на РТЦГ, укинато е бесплатното користење на лежалки и чадори за сонце по 17 часот за странски државјани, додека тоа им е овозможено само на локалците, кои во таа прилика ќе мора да покажат лична карта, пасош или некој друг документ. „Граѓаните на Црна Гора од оваа летна сезона можат бесплатно да ги користат лежалките и чадорите за сонце на црногорските плажи по 17 часот, но само со покажување на важечки идентификационен документ. За разлика од претходните години, кога оваа поволност важеше за сите посетители, новото правило повеќе не ги опфаќа странските туристи“, пишува во објавата и се додава: „Иако во последните недели се појавија бројни поплаки од граѓаните и туристите дека плажниот инвентар им бил наплатен и по 17 часот, од ЈП 'Морско добро' сè уште немаат дадено дополнително објаснување во врска со примената на ова правило.“

Исто така, еден натпис во Сутоморе предизвика жестока полемика на социјалните мрежи, а исто така се однесува на пристапот до плажите и наплатата на лежалки и чадори за сонце. На еден натпис пишува „слободен дел од плажата, следен влез“, а на друг „кој нема платено лежалки до 17 часот, нема право да ги користи истите“.

„Претходните години лежалките и чадорите за сонце беа бесплатни по 17 часот за сите посетители на плажите и закупците беа должни да ја истакнат таа информација на информативната табла. Меѓутоа, на една плажа во Сутоморе напишано е дека никој не може да земе лежалка бесплатно по 17 часот доколку не платил пред тоа“, пишува во текстот на РТЦГ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk