Инцидент над Европа

ПАНИКА НА ЛЕТОТ ЗА ДУБРОВНИК - Напукнат прозорец го приземји авионот

Vecer | 27.07.2026

ПАНИКА НА ЛЕТОТ ЗА ДУБРОВНИК - Напукнат прозорец го приземји авионот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Драма на летот од Осло кон Дубровник. Патнички авион на компанијата „Norwegian Air Shuttle“ бил принуден вонредно да слета во Виена, откако за време на летот напукнал еден од прозорците. Авионот безбедно слетал, а за патниците е обезбеден заменски авион за продолжување на патувањето.

Авионот на летот DY1922 на авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle полетал од Осло во 6:45 часот, а на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник требало да слета околу 9:40 часот. Сепак, како што пренесува локалниот портал „Дубровачки дневник “, за време на летот напукнал еден од прозорците, поради што екипажот донел одлука за вонредно слетување на Меѓународниот аеродром во Виена.

Авионот безбедно слетал во Виена.

Станува збор за Boeing 737-800, стар нешто помалку од 12 години.

Според информациите со кои располага „Дубровачки дневник“, за патниците ќе биде обезбеден заменски авион, со кој од Виена ќе го продолжат патувањето кон Дубровник во раните попладневни часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk