(Видео) ДЕЦА ИЗНЕСУВААТ НА НОСИЛКИ - Ужас во трговски центар во Белград

Vecer | 18.11.2026

(Видео) ДЕЦА ИЗНЕСУВААТ НА НОСИЛКИ - Ужас во трговски центар во Белград
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Десетина деца се повредени по пад од подвижни скали во трговски центар во „Белград“. Несреќата се случила денеска во 14:30 часот. Српските медиуми неофицијално пренесуваат дека тешко повредени се седум деца, а за три од нив ќе треба и хируршка интервенција.

Станува збор за осумгодишни и деветгодишни деца кои оделе на кино во трговскиот центар „Галерија“. Според првичните информации врвка или коса на едно од девојчињата се заглавила во скалите, по што почнале да паѓаат.

Очевидци за српски „Блиц“ опишуваат вознемирувачки сцени, детски плач, вресоци и крв на подвижните скали и подот.

„Видов голем број луѓе собрани околу подвижните скали, а потоа забележав многу повредени деца. Сцената беше ужасна. Децата плачеа, лекарите од Итната помош им ги преврзуваа раните, а крв имаше и на скалите и на подот. Некои девојчиња имаа повредени нозе, а други повреди на главата“, раскажал еден од очевидците.

Веднаш по несреќата, вработените во трговскиот центар и случајните минувачи притрчале да им помогнат на повредените деца. На местото на несреќата пристигнале пет екипи на Итната медицинска помош, а сите десет повредени деца биле пренесени во Ургентниот центар.

Меѓу повредените има пет девојчиња и пет момчиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk