logo
logo
logo

Ќе продолжи по исполнување на условите

НЕМА "PLAY" ИМА "PAUSE" - ДИРЕКТНА ПОРАКА ОД ВАШИНГТОН ДО ПРИШТИНА ЗА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ

Vecer | 17.07.2026

НЕМА "PLAY" ИМА "PAUSE" - ДИРЕКТНА ПОРАКА ОД ВАШИНГТОН ДО ПРИШТИНА ЗА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ

Соединетите Американски Држави соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница.

„Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, вклучително и спроведувањето на обврските на Косово кон косовските Срби“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Стратешкиот дијалог меѓу САД и Косово беше замрзнат во септември 2025 година поради загриженоста поврзана со постапките на Владата во Приштина.

Од Стејт департментот не прецизираа кога би можел да биде обновен дијалогот, ниту кои конкретни чекори се очекуваат од косовските власти.

Одговорот на американската администрација следува во денот кога во Вашингтон започна првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија, насочен кон продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата и надворешната политика.

Воедно, Србија денеска официјално се приклучи на вселенската програма „Артемида“ во седиштето на НАСА во Вашингтон. Документот за пристапување го потпиша српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ.

САД, како и Европската Унија, очекуваат Косово да ги спроведе договорите постигнати во дијалогот со Србија, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, обезбедувањето одредено ниво на самоуправа за српската заедница во Косово, како и решавањето на споровите меѓу Косово и Српската православна црква.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk