Не е само во Црна Гора. УШТЕ ЕДНА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА ЗАГАДЕНА СО ФЕКАЛИИ

Vecer | 02.08.2026

Не е само во Црна Гора. УШТЕ ЕДНА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА ЗАГАДЕНА СО ФЕКАЛИИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На плажата Билин жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткотрајно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактеријата Ешерихија коли, поради што засега не се препорачува пливање, предупреди Дубровничко-неретванската жупанија.

Краткорочното загадување со фекалии е потврдено за време на шестиот редовен преглед на квалитетот на морето за пливање, кој го спроведува Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, објавува Index.hr.

„За жал, беше утврдено дека резултатите од анализата на морето за пливање на плажата Билин ја надминаа граничната вредност за бактеријата Ешерихија коли“, соопшти институтот.

Земањето мостри од морето ќе се повторува сè додека не престане загадувањето, за што се известени Инспекторатот за заштита на животната средина и другите надлежни инспекции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk