Вучиќ до Брисел: НЕМА ВИЗИ ЗА РУСИТЕ, И НЕМА ПРОТЕРУВАЊЕ 30.000 РУСИ ОД СРБИЈА

Vecer | 03.06.2026

Вучиќ до Брисел: НЕМА ВИЗИ ЗА РУСИТЕ, И НЕМА ПРОТЕРУВАЊЕ 30.000 РУСИ ОД СРБИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Повеќе од 12 години Србија води преговори за членство во ЕУ со неизвесна завршница бидејќи и на двете страни им е јасно дека крајот не е видлив бидејќи ќе дојде денот кога ќе се услови завршницата со барање Србија да го признае Косово како независна држава што е невозможно.

Но, и покрај тоа, преговорите течат и отворени се 22 од вкупно 34 поглавја.

По војната во Украина ЕУ бараше Србија да воведе санкции против Русија и блокада на авиосообраќајот со Москва за да продолжат преговорите но, тоа не се случи.

Пред месец дена од Брисел стасаа нови барања до Белград: Србија да го укине договорот за безвизен режим со Русија и да протера половина од руските граѓани кои од војната во Украина наваму добиле дозвола за престој во Србија, или ќе следи мирување на преговорите со ЕУ и запирање на финансиките аранжмани од ЕУ кон Србија.

Во Србија има околу 64.000 регистрирани руски граѓани кои имаат дозвола за престој што би значело дека над 30.000 би морале да ја напуштат државата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по неговото враќање од посетата ка Кина, ја расчисти дилемата - што ќе преземе Србија по барањето од Брисел.

“Не се ни размислува за воведување визи за граѓаните на Руската Федерација“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Дури и некој да  донесе таква одлука, тоа веднаш ќе биде укинато“, рече Вучиќ во гостувањето во емисијата „Ќирилица“. Остана нејасно кој е тој “некој“ што би можел да донесе таква одлука за претседателот на државата - да ја укине.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk