Евростат го мери индикаторот за ниво на цени во однос на просекот на ЕУ, врз основа на куповната моќ.
Во последните 10 години, Албанија се приближи кон ЕУ со високи цени, побрзо од која било земја во регионот на Западен Балкан.
- Според податоците на Евростат, во 2015 година нивото на цените според куповната моќ било 48 отсто од просекот на ЕУ и заедно со Македонија имала најевтини цени во регионот. За една деценија, платите во земјата продолжуваат да остануваат најниски во регионот, а трошоците значително се зголемиле, објавија албанските медиуми.
Во 2024 година, цените биле 70 отсто од просекот на ЕУ, што ја рангира Албанија како најскапа во регионот, надминувајќи ги Србија и Црна Гора, кои историски имаат најскапи производи.
- Пред една деценија, цените во Албанија биле половина од просекот во ЕУ, додека во 2024 година две третини од просекот во ЕУ. Дури и цените на храната за првпат достигнале 101 отсто од просекот на Европската Унија и се најскапи во регионот, додаваат медиумите.
Евростат го мери индикаторот за ниво на цени во однос на просекот на ЕУ, врз основа на куповната моќ.
- Овие статистики покажуваат колку се скапи цените во една земја во споредба со просекот на ЕУ, земајќи ја предвид куповната моќ, односно колку стоки и услуги реално можат да си дозволат со ист износ на пари, наведуваат медиумите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата