logo
logo
logo

Во Грција поставена СПОМЕН-ПЛОЧА НА КОЈА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ПИШАН КАКО „БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР“

Vecer | 23.06.2026

Во Грција поставена СПОМЕН-ПЛОЧА НА КОЈА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ПИШАН КАКО „БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР“

Тензија во Грција околу спомен-плочата на Гоце Делчев.  Плочата која е поставена на полу распадната камбанарија на старата црква во селото каде што Гоце Делчев загинал во битка на 4 мај 1903 година е  без дозола од локалните грчки власти, објави весникот „24 часа“

Според грчките медиуми, таа била поставена без официјална дозвола од локалните власти, а фотографиите објавени  покажуваат двајца мажи како ја поставуваат.

Спомен-плочата го опишува Гоце Делчев како „бугарски револуционер и војвода“, кој се борел за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско. Токму овој текст предизвика коментари, бидејќи личноста и историското наследство на револуционерот продолжуваат да бидат предмет на спорови меѓу Бугарија и Република  Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk