logo
logo
logo

АТИНА СО ДЕМАРШ ДО КИЕВ поради украинскиот поморски дрон пронајден кај Лефкада

Vecer | 04.06.2026

АТИНА СО ДЕМАРШ ДО КИЕВ поради украинскиот поморски дрон пронајден кај Лефкада

Атина поднесе протестен демарш до Киев поради украинскиот поморски дрон што на 7 мај годинава беше забележан од рибари кај Лефкада, објави денеска Министерството за надворешни работи на Грција.

Во демаршот се наведува дека поморскиот дрон што бил пронајден во грчките територијални води сериозно го загрозил поморскиот сообраќај и потенцијално можел да предизвика загуби на невини цивили, како и да предизвика непроценлива еколошка штета. Се додава дека правото на Украина на самоодбрана не може да ги оправда ваквите дејствија, бидејќи со префрлање на воените операции на Медитеранот, на голема оддалеченост од вистинскиот фронт на војната, се доведува во прашање националната безбедност на Грција.

„Грција го изразува своето силно противење на нелегалното присуство на вооружениот беспилотен поморски брод во грчките територијални води и ја повикува Украина да се воздржи од слични дејствија во иднина и од неоправданото префрлање на воените операции во Медитеранот“, се додава во демаршот.

Грчкиот весник „Катимерини“ пред неколку дена објави дека шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ја информирал високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас за наодите од извештајот на Генералштабот за национална одбрана, кој покажал дека дронот ѝ припаѓа на Украина и дека бил дел од поширока мисија, во која би учествувале и други слични системи за удар врз бродови од руски интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk