Таа во една прилика открила дека направила долгогодишна пауза во текот на кариерата поради тешка болест.
Пејачката Бојана Барјактаровиќ првпат во историја на музичкото натпревартување “Нкогаш не е доцна“ однела тројна ппобеда.
Имено таа освоила најмногу гласови од СМС публиката, а набрзо потоа триумфирала и на Фејсбук гласањето, а потоа награда од жирито.
Некогашната пејачка на групата ''Bon Amie'' за време на своето учество го расплакала целото студио, и тогаш никој не останал рамнодушен на нејзината животна приказна.
- Со музиката се занимавам 29 години, не ја запоставив. Го запоставив медиумското експонирање и појавување. Се повлеков да се рехабилитирам и останав така вон естрадата 17 години – рекла победничката во емисијата “Никогаш не е доцна“.
Бојана имала тумор на левата града, кој подоцна метастазирал.
- Ми извадоа 24 жлезди. Правев 16 хемотерапии, а после првата останав без коса. Она што е добро сега имам нова коса , и тоа 40% повеќе отколку предходно. Најбитно е да се биде упорен и позитивен, нема психичко паѓање, тоа е најлошиот непријател – раскажа Бојана во една прилика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата