Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино ги збуни присутните откако го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него.
Ова се случи на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих. Андреа откако го фрли знамето, продолжи кон водителите и го остави долу, по што некој од нашата делегација го крена.
Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.
Претставувањето на Андреа почнува од 55:40 минута во видеото.
МРТ со жестока реакција за фрлањето на знамето од нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска.
"Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон", велат од МРТ и најавуваат можност Андреа да биде повлечена од Евровизија.
Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.
-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.
"Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал", стои во реакцијата на МРТ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата