logo
logo
logo

Нема седатив за ваква љубовна болка:

Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со – „100 промили“

Vecer | 19.10.2026

Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со – „100 промили“

Младата македонска музичка кантавторка и пејачка Марија Спасовска ја објави својата нова песна „100 промили“. Вообичаено, песната е проследена и со официјален видеоспот, кој веднаш по премиерата е достапен на нејзиниот канал на YouTube, како и на сите дигитални музички платформи. 

Инаку „Сто промили“ е уште едно музичко парче од новитиот сет песни кои се најдоа на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој излеза пред почетокот на летото. Зад музиката и текстоти овој пат стои самата Марија, додека аранжманот, миксот и продукцијата ги потпишува еминентното авторско-продуцентско име, нејзиниот стар соработник Дарко Димитров, со кого Марија соработувала и во создавањето на новата музичка приказна. 

Видеото е во продукција на „Artistic Film“, додека фотографиите од снимањето ги потпишува Стефан Јакимовски. Во реализацијата на видеоспотот учествувале и танчерки кои ја придружуваат пејачката за чија кореографија биле задолжени „Eat The Beat Dance“. 

Инаку, музички „100 промили“ е уште една тема во стилот кој пејачката го негува. Модерна ар ен би – поп песна во слоу денс ритам, со емотивно-заводлив вокал и интерпретација која буди возбуда, на која совршено се надоврзуваат стиховите во кои ќе се препознае секоја млада вљубена девојка на која ќе и се случи „љубов на прв поглед“ кога најмалку очекува и ќе ја опие како алкохол во крвта… Од „100 промили“! 

И кога на тоа ќе му се додадат заводливиот изглед и танцот на младата ѕвезда заедно со нејзината придружна група млади, убави и згодни танчарки, како и одлично изведената актерска игра која совршено кореспондира со стиховите и прикаската во песната, „100 промили“ ветува дека ќе биде тригер песна што уште повисоко ќе ја катапултира Марија меѓу естрадната ѕвездена елита. 

Со неа таа и понатаму продолжува да ја гради својата специфичен музичка приказна темелена на албумот „Седатив“, овојпат со песна чиј наслов привлекува внимание како и видеоспотот што ја надополнува нејзината зацртана патека. Песната е достапна на дигиталните платформи, а официјалниот видеоспот можете да го погледнете и во продолжение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk