Џон Траволта проговори за љубовниот живот- прв пат по шест години од смртта на сопругата

Vecer | 18.11.2026

Џон Траволта проговори за љубовниот живот- прв пат по шест години од смртта на сопругата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Иако поминаа неколку години од семејната трагедија, актерот признава дека долго време е целосно посветен на своите деца и на тоа да им помогне да продолжат со животот без нивната мајка, објави ТМЗ.

Додека гостуваше во емисијата „Today“ што ја води Крег Мелвин, ѕвездата на филмовите „Brilliant“ и „Saturday Night Fever“ откри дека не ја затворил вратата за нова љубов и дека е подготвен да му даде на некого уште една шанса.

- Па, љубовта е сè, таа е дел од мојата личност. Дали сум отворен за неа? Да. Но, искрено, изминатите шест години беа посебно искуство, бидејќи морав да се грижам за мојот син, кој имаше само девет години кога тоа се случи, и за мојата ќерка Ели, која исто така беше помлада во тоа време. Сакав да им помогнам повторно да застанат на нозе и да се чувствуваат сигурно во врска со нивната иднина и сè што се случило, рече Траволта.

Шест години откако ја загуби сопругата, тој ги презеде обете родителски улоги

Кели Престон почина во јули 2020 година, на 57-годишна возраст, по двегодишна борба со ракот на дојка. Џон Траволта и таа беа во брак од 1991 година и имаа три деца заедно. Нивниот најстар син Џет почина во 2009 година, на само 16 години, додека сега ја имаат ќерката Ела Блу (26) и синот Бенџамин (15).

Актерот зборуваше и за тоа колку неговиот живот се променил по смртта на неговата сопруга, особено поради одговорноста што ја презеде за своите деца. Како што објасни, во еден момент морал да биде и мајка и татко.

- Кога едниот родител ќе замине, стануваш и мајка и татко. Го почувствував тоа многу силно, но само треба да се собереш, да ја држиш главата високо и да продолжиш понатаму. Полека стигнуваме таму, рече тој.

Додаде дека неговите деца секоја година подобро се справуваат со загубата на нивната мајка и дека забележува како тие повторно наоѓаат радост во секојдневниот живот.

- Тие се се посреќни и подобри секоја година. Добро ни оди, навистина добро ни оди, рече актерот.

Љубовна приказна што траеше речиси три децении

Џон Траволта и Кели Престон се запознаа во 1989 година, за време на аудиција за филмот „Експертите“, во кој подоцна глумеа заедно. Две години подоцна, тие се венчаа и останаа заедно до нејзината смрт во 2020 година.

Траволта ја објави веста за смртта на својата сопруга преку Инстаграм, со емотивна порака во која истакна дека таа ја изгубила двегодишната битка со ракот на дојка.

- Со тешко срце ве известувам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја изгубила двегодишната битка со ракот на дојка, напиша актерот во тоа време.

Тој им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал кои се грижеа за неа, како и на пријателите и членовите на семејството кои ја поддржуваа за време на нејзиното лекување.

- Кели засекогаш ќе биде запаметена по својата љубов и живот, рече Траволта.

Во тоа време, тој исто така објави дека ќе се повлече од јавноста за да биде со децата кои ја загубија својата мајка, барајќи разбирање за време на нивниот период на жалост. Шест години подоцна, неговата изјава за можноста за нова љубов покажува дека, иако не го заборава животот што го имал со Кели, не ја исклучува можноста повторно да пронајде емоционална блискост во иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk