Макфестовската балада на Марија Спасовска доби и своја видеоприказна – „За тебе можам сè“

Vecer | 18.11.2026

Макфестовската балада на Марија Спасовска доби и своја видеоприказна – „За тебе можам сè“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонската поп-пејачка Марија Спасовска откако ја изведе на годинешниов Макфест 2026, својата фестивалска балада „За тебе можам се“ ја визуализираше и со видеоспот. Покрај сигурната и впечатлива фестивалска изведба, младата пејачка се’ повеќе се наметнува и како зрел кантавтор, покажувајќи дека не само што знае „да се вози“ на модерните трендови, туку умее и многу повеќе – да напише музика и стихови за таканаречена „тешка тема“ каква што е и нејзината макфестовска балада, покажувајќи завидна умешност и знаење и во компонирањето на песни што долго остануваат.

Секако, зачинета со одличното аранжманско решение на Николче Мицевски. “За тебе можам се“ е токму таква, една од оние кои нималку не се лесни ниту за автортво, ниту за изведба, зашто бараат и творечка зрелост и посебна вокално – изведувачка експресија за да се донесат на сцената. Токму тие макфестовски моменти Марија ги искористила и во видеоспотот, каде сета своја уметничка дарба при фестивалската презентација ја фузирала со доплнително снимени едноставни кадри кои и сликовито ја комплетираат приказната, кореспондирајќи со целокупната атмосфера што самата балада ја носи во себе: „Копнежот на една женска душа која чезнее по неостварената љубов…“!

Едноставно видео кое на целокупната музичка тежина и дава дополнителна патина која ја отсликува невозвратената љубов чија реализација ја потпишува екипата на Artistic Film. Инаку баладата „За тебе можам се“ е уште еден музичко парче симнато од нејзиниот дебитантски албум „Седатив“ кој го промовираше во втората половина на 2026 година. Како звучи и визуелно изгледа во пакет макфестовската тема „За тебе можам се’ “ на Марија Спасовска проследете од видеото во продолжение…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk