logo
logo
logo

ЕДНИ СО АПЛАУЗ, ДРУГИ ВО ШОК: Настапот на Мадона на MTV VMA ги подели мислењата

Vecer | 28.09.2026

ЕДНИ СО АПЛАУЗ, ДРУГИ ВО ШОК: Настапот на Мадона на MTV VMA ги подели мислењата

Во неделата навечер, Мадона настапи на доделувањето на наградите MTV VMA првпат по 23 години, отворајќи ја церемонијата со спектакуларен настап.

Поп-иконата ги покани Сабрина Карпентер и Чарли XCX на сцената, изведувајќи дуети со двете.

Настапот започна по 20-минутното доцнење на телевизискиот пренос предизвикано од натпревар во НФЛ. На почетокот, Мадона седеше врз пијаното додека свиреше Сабрина Карпентер. Облечена во црн елек и чизми до колена, Мадона разменуваше стихови со Карпентер, која носеше светкава облека и беретка.

Потоа, Мадона се симна по скалите и го соблече капутот, откривајќи црвено-црн корсет. Танчарите ја качија на маса што се движеше околу хор во публиката, чии членови беа облечени во бели превези.

Следниот дел од настапот привлече посебно внимание кога Мадона се врати на сцената трансформирана во тоалета, како онаа од музичкиот спот за „Danceteria“.

Чарли XCX излезе од една од кабините придружена од звуците на новообјавениот ремикс „Danceteria Afterhours“. Актерките Деби Мазар и Џулија Гарнер им се придружија на Мадона и Чарли. За време на настапот се појавија и Сет Роген, Ендрју Ват и Сомбр.

На крајот од спектаклот, кој опфати две песни, Чарли ѝ се обрати на публиката: „Аплауз за Мадона!“

Поделени реакции на публиката

Мислењата на публиката за настапот на Мадона беа поделени. Додека некои го пофалија нејзиното враќање на сцената на VMA и спектакуларната продукција, други не ја криеја својата разочараност, а некои коментари на социјалните мрежи беа особено остри.

„Мадона не знае кога да се повлече. Ова е еден од најчудните и најсрамните настапи што некогаш сум ги видел. Зошто доделувањето на музичките награди на MTV се емитува на CBS по фудбалскиот натпревар?“ – напиша еден гледач на социјалните мрежи.

Враќање по 23 години

Мадона е една од најкултните ѕвезди во историјата на наградите MTV VMA. На инаугуративната церемонија во 1984 година, таа ја изведе својата позната песна „Like a Virgin“, а во децениите што следеа, настапуваше со хитови како „Express Yourself“ (1989), „Vogue“ (1990) и „Ray of Light“ во дует со Лени Кравиц (1998).

Нејзиниот последен настап на VMA пред овогодишниот настан беше во 2003 година, кога ја делеше сцената со Бритни Спирс и Кристина Агилера.

Оваа година, Мадона исто така предводеше според бројот на номинации за VMA, освојувајќи вкупно 13 номинации. Тејлор Свифт доби 11 номинации, Сабрина Карпентер девет, а Аријана Гранде осум.

Продуцентот на VMA, Ван Тофлер, зборуваше за враќањето на Мадона на сцената само неколку дена пред церемонијата. „Можеме да негираме колку сакаме, но Мадона е ’М‘-то во MTV. Тоа го знаев уште денот кога почнав да работам таму. Таа е кралицата на MTV. Прави одлични спотови. Провокативна е. Секогаш нè туркала напред, а овогодишното шоу нема да биде исклучок“, изјави Тофлер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk