За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Vecer | 13.11.2026

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мечот бил користен во познатиот дуел за време на кој Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко, изговарајќи една од најпознатите реплики од филмската сага: „Јас сум твојот татко“, објави АП.

Аукциите „Херитиџ“, кои ја организираа продажбата како дел од „Ултимативната аукција на Војна на ѕвездите“, соопштија дека тоа е најскапиот реквизит од серијата што всушност бил користен за време на снимањето.

Претходниот рекорд беше поставен во јули, кога светлосниот меч на Скајвокер, заедно со реквизит што ја претставува неговата отсечена рака, беа продадени за 3,75 милиони долари.

Аукцијата вклучува и 27 други светлечки мечеви од „Војна на ѕвездите“, како и предмети од сите девет епизоди од филмската серија и други филмови и телевизиски продукции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk