logo
logo
logo

ПЕТ ДЕЦЕНИИ ХИТОВИ ВО ЕДНА НОЌ:

Весна Змијанац доаѓа во Скопје, на голем славенички концерт

Vecer | 07.10.2026

 Весна Змијанац доаѓа во Скопје, на голем славенички концерт

По три распродадени Арени и огромниот интерес од публиката, Весна Змијанац пристигнува во Скопје со голем концерт во рамките на нејзината „Golden Tour – 50 години кариера“. Првично концертот беше најавен во арената „Јане Сандански“, но интересот од публиката го надмина очекуваното, поради што настанот ќе биде преместен во арената „Борис Трајковски“.

Датумот останува ист - 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за првично најавената локација немаат причина за грижа бидејќи веќе купените билети остануваат важечки и за концертот во „Борис Трајковски“.

Весна Змијанац зад себе има пет децении музичка кариера и бројни хитови кои со години се дел од музичкиот репертоар на генерации. Нејзиниот концерт во Скопје ќе биде дел од големата турнеја со која пејачката одбележува 50 години на сцената. За сите оние кои сè уште немаат обезбедено билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com.

На 28 ноември Скопје го очекува вистински спектакл. Музичка вечер исполнета со познати песни, емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите регионални пејачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk