На црвениот тепих на 50-годишниот актер му се придружи и неговиот помлад брат Бил Скарсгард.
Скарсгард позираше со Оливија Колман и Елизабет Дебики, кои ги играат рибарката и жената на кројачот во филмот.
Неговиот избор беше креација од дизајнерот Чоуп Валовен. Режисерите и сценаристите Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон, исто така, присуствуваа на премиерата, а неколку дена претходно, актерот беше поддржан од неговиот татко Стелан Скарсгард на проекција во Њујорк.
За филмот „ Wicker“
Во филмот, Колман игра рибарка која е отфрлена од локалното население. Таа ангажира локален занаетчија, игран од Питер Динклејџ, да ѝ направи сопруг од плетенка. Улогата ја игра Скарсгард, а неговиот лик се покажува многу поспецијален отколку што очекувала.
Неговиот дух и способности будат нови чувства кај неа, додека нивната врска предизвикува љубомора и немир што го загрозуваат животот во селото. Авторите го опишуваат филмот како комична приказна за сексот, бракот и апсурдите на општествените обичаи.
Привлекол внимание и во Лондон
Скарсгард привлече внимание и со својот моден избор на премиерата во Лондон пред десет дена, кога се појави во златен костум и проѕирни чевли од модната куќа Сен Лоран. Додека некои беа воодушевени од смелата комбинација на актерот, други изразија сомнежи за практичноста на таквите обувки.
„О, боже, тие чевли сигурно смрдат на пластика и пот“, напиша еден коментатор. Други беа помалку критични. „Сè му стои добро“, е еден од коментарите, а третиот додава: „Тој може да носи речиси сè“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата