logo
logo
logo

Дарио порачува „ЖИВОТ Е ЛОТО“

Vecer | 13.10.2026

Дарио порачува „ЖИВОТ Е ЛОТО“

Кантавторот Дарио ја претстави својата нова песна „Живот е лото“, весела и динамична композиција со модерен поп звук, медитерански призвук и впечатлив рефрен. Автор на музиката и текстот е самиот Дарио, додека аранжманот го потпишува неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски.

„Ова е весела, брза и оптимистична песна, со модерен поп-ритам во медитерански манир и нагласен хитовски рефрен. Иако звучи лесно и е наменета за весела атмосфера, текстот носи своја посебна порака, како, впрочем, и речиси сите мои претходни песни. Во него стопроцентно се отсликува непредвидливата животна реалност, со секојдневните човечки подеми, падови, желби и превисоки очекувања. Притоа, често забораваме на самите себе и на убавината што ја носи едноставноста на животот. Конечно, оптимизмот е тој што провејува низ целата песна“, вели Дарио.

Во декември 2025 година, Дарио го промовираше албумот „Ковчег со злато“, кој содржи 11 песни снимени во изминатите пет години. Тогаш откри дека албумот го издал од мерак, пред сè за да има физичко издание што ќе може да им го подари на своите блиски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk