logo
logo
logo

МАКЕДОНЕЦ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО КУЛТНАТА СЕРИЈА „СИМПСОНОВИ“ - за прв пат во историјата

Vecer | 25.04.2025

МАКЕДОНЕЦ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО КУЛТНАТА СЕРИЈА „СИМПСОНОВИ“ - за прв пат во историјата

Во недела, 27 април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15. епизода од 36. сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец.

Оваа вест ја објави Нев Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина се основачи на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“.

„Заедно со мојот брат Наум, и со сестра ми Калина, со која заедно го водиме детскиот едукативен канал Дарко Биберко, ќе бидеме дел од една од новите епизоди на The Simpsons. Имено, креатороте на The Simpsons одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол.

Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски.

Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија FOX“, напиша Калина во нејзината објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk