Повредени и голема материјална штета во Колумбија по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени што ја погоди пацифичката покраина Чоко. Според првичните информации што ги објави гувернерката на регионот на социјалната мрежа Икс, потресот предизвикал сериозни последици, а неговото силно тресење било почувствувано и во главниот град Богота и во соседна Венецуела. Гувернерката на Нубија, Каролина Кордоба-Кури, предупреди на последиците од земјотресот.
Одделот Чоко беше погоден од разорен земјотрес. Загрижени сме за можни последователни потреси. Епицентарот беше во близина на Сан Хозе дел Палмар.
Има повредени, а зградите во главниот град Кибдо претрпеа значителна штета. Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај – рече таа.
Националната единица за управување со ризици од катастрофи објави дека земјотресот е регистриран во 7:34 часот наутро. Епицентарот бил на длабочина од 79 километри.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата