logo
logo
logo

Видео: Уапсениот Мадуро во притвор во Њујорк, Белата куќа објави ВИДЕО

Vecer | 04.01.2026

Видео: Уапсениот Мадуро во притвор во Њујорк, Белата куќа објави ВИДЕО

Вчера, во раните утрински часови, САД извршија кратка, но решителна воена операција во Венецуела, при што го изнесоа од земјата претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.

Акцијата, според достапните податоци, траела помалку од 30 минути, а Мадуро потоа бил префрлен во воздухопловната база Стјуарт во државата Њујорк. Каракас е зафатен од неизвесност по веста дека САД го уапсија претседателот Мадуро.

Во страв од натамошниот развој на ситуацијата, жителите на главниот град на Венецуела трупаат основни прехранбени производи и се подготвуваат да останат во своите домови, додека дел од граѓаните размислуваат за можноста да ја напуштат државата.

Perp walked.pic.twitter.com/34iIsFUDdG

— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) January 4, 2026

Официјалниот профил на Белата куќа објави видео на кое се гледа како агенти на ДЕА го носат Мадуро во притвор. На видеото, Мадуро е врзан со лисици додека оди покрај агентите и се обидува да зборува.

Мадуро сега е задржан во притворен центар во Бруклин, каде што го чека судењето за обвиненија за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата до трансфер на власта и ќе ја преземат контролата врз огромните нафтени резерви на Венецуела.

Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја назначи потпретседателката Делси Родригез за в.д.претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk