logo
logo
logo

ВИДЕО | ТРAМП И МЕЛАНИЈА ВО ЖЕШКА РАСПРАВА ПРЕД КАМЕРИТЕ: читачка на усни открива што си зборувале

Vecer | 25.08.2026

ВИДЕО | ТРAМП И МЕЛАНИЈА ВО ЖЕШКА РАСПРАВА ПРЕД КАМЕРИТЕ: читачка на усни открива што си зборувале

Навидум напнат момент меѓу Доналд и Меланија Трамп привлече внимание за време на трката „Фридом 250 Гран при“, откако камерите го забележаа нивниот разговор и видно незадоволниот израз на првата дама. Снимката дополнително го привлече вниманието поради актуелниот медиумски интерес за односот на Трамп со неговата асистентка Натали Харп, а читачката на усни Никола Хиклинг за британски „Метро“ понуди своја интерпретација на она што, наводно, си го кажале сопружниците.

Според неа, Меланија најпрво наводно рекла „Тоа е приватна и важна порака“.

Трамп потоа наводно прашал:

– Дали е тоа доволно?

– Не знам – одговорила Меланија.

– Тогаш морам да ја видам – наводно рекол Трамп.

Според интерпретацијата на Хиклинг, разговорот потоа станал уште понапнат.

– Доналд, слушај ме, си одам – наводно рекла Меланија.

Трамп потоа наводно спомнал трето женско лице.

– Слушај, таа те замоли да не ја затвораш вратата.

Кога Меланија прашала зошто, Трамп наводно одговорил:

– Тоа се лоши вести, но ова е незгодно време, Меланија.

Првата дама ја опишала ситуацијата како „луда“. Трамп потоа наводно рекол:

– Преку глава ми е од неа.

Според читачката на усни, разговорот завршил со зборовите на Меланија:

– Очигледно ќе ја видам утре наутро и ќе разговарам со неа.

Дали Трамп и Меланија зборуваат за асистенката на Трамп, Натали? За блискоста на Трамп и Натали претходно пишуваше „Њујорк тајмс“.

Темата повторно доби внимание откако демократскиот сенатор Џон Ософ ја спомна Харп на предизборен митинг. Тој рекол дека Трамп „не сака да си ја работи работата“, туку гради балска сала и патува со Натали.

Медиумите претходно пишуваа и дека Натали во лични пораки го нарекувала Трамп свој „чувар и заштитник во овој живот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk