logo
logo
logo

Видео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Vecer | 28.07.2026

Видео: Силен земјотрес во Јапонија:  Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото.

Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени.

По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо.

Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени.

Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег.

Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk