Џејми Фокс проговори за тоа како повторно ќе стане татко на 58-годишна возраст – овојпат со партнерка која е 27 години помлада од него.
Актерот Џејми Фокс (58) гостуваше во емисијата Jimmy Kimmel Live и се осврна на веста објавена од списанието People, во која се открива дека наскоро по трет пат ќе стане татко. Во свој стил, актерот се пошегува со Кимел…
„Бебето е на пат. Сè уште ме бидува!“
Ова е првото дете што актерот го очекува со својата 31-годишна девојка, Алис Хакстеп. Тој веќе ги има ќерките Корин (32) и Анелиз (18) од претходни врски.
Фокс ја има ќерката Корин со поранешната партнерка Кони Клајн, додека Анелиз ја доби со поранешната партнерка Кристин Гранис.
„Не се двоумев околу тоа, но кога имаш 58 години… Знаеш на што мислам?“
Тој на шега го спомна и Ал Пачино, кој во јуни 2023 година, на 83-годишна возраст, доби син, Роман Пачино, со својата сега поранешна партнерка, Нор Алфалах.
„Го сретнав Ал Пачино и, ако некогаш сум имал некакви сомнежи, тие исчезнаа откако разговарав со него. Му реков: ‘Ал, како си?’ А тој одговори: ‘Ах, Џејми, мило ми е што те гледам. Се грижев за тебе, Џејми’.“
Потоа, како што раскажа Фокс, Пачино му рекол:
„Чекам бебе.“
Фокс продолжи:
„Му реков: ‘Колку години имаш?’ Тој одговори: ’84’. Јас реков: ‘Имаш 84 години и сепак ќе чекаш во редицата пред училиштето за да го земеш детето’.“
Според Фокс, Пачино одговорил во својот карактеристичен хумористичен стил:
„84 години, а сепак чекам во редицата. Токму кога ќе помислам дека сум излегол, тие ме враќаат назад.“
Кимел потоа го праша Фокс дали некогаш пресметал колку години ќе има кога неговото дете ќе достигне одредена возраст.
Фокс се пошегува:
„Дури и ѝ велам на девојка ми: ‘Само издржи уште 12 години’.“ Ако сега имам 58 години, за 12 години ќе имам 70… Само ќе ми префрлиш ќебе преку нозете и ќе ми дадеш пудинг…
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата