ВИДЕО | ПАНИКА НА ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО - Проектил падна во Полска, кренати борбени авиони

Vecer | 30.07.2026

ВИДЕО | ПАНИКА НА ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО - Проектил падна во Полска, кренати борбени авиони
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Неидентификуван објект падна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи експлозија во близина на селото Тарнава - Колоња, додека Русија изведуваше масовни ракетни напади врз Украина. Полските власти веднаш го активираа системот за одбрана, а во воздух беа испратени воени авиони поради можната закана во воздушниот простор на земјата. 

Според информациите објавени од CNN, објектот паднал во Лубинското војводство, околу 95 километри од украинската граница. Оперативната команда на полската армија соопшти дека објектот бил забележан околу 3:40 часот наутро како се движи кон запад, но потоа исчезнал од радарите. 

Жителите пријавиле во полицијата дека слушнале многу гласна детонација. Потоа полицијата пронашла кратер со дијаметар од околу десет метри и остатоци од неидентификуван објект во поле, на околу два километри од најблиските куќи.

⚡️ "The windows nearly blew out." A powerful explosion rocked Poland during Russia's attack on Ukraine

According to the Polish military, an F-16 was scrambled overnight to intercept an unidentified object, which soon disappeared from radar. Later, a huge crater about 10 metres… https://t.co/KVSzPwCwDY pic.twitter.com/ACj650HRFq

— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2026

Полската армија објави дека противвоздушната одбрана истовремено регистрирала повеќе од десет ракети над западна Украина што претставувале потенцијална закана за полскиот воздушен простор. Поради ова, во воздух биле лансирани и борбени авиони.

Инцидентот се случил за време на голем руски напад врз Украина, во кој, според сегашните информации, загинале најмалку осум лица, вклучувајќи деца, додека повеќе луѓе биле закопани под урнатините.

Руското Министерство за одбрана објави дека извршило „масовен удар со прецизно оружје со долг дострел“ лансиран од копно, море и воздух, со употреба на камикази дронови, насочени кон воени цели низ Украина.

Досега не е официјално потврдено дали објектот што паднал во Полска бил руска ракета. CNN потсетува дека секој директен удар на територијата на членка на НАТО може да претставува сериозен ризик од ескалација на конфликтот.

Полска редовно крева борбени авиони за време на големите руски напади врз западна Украина, но повредите на нејзиниот воздушен простор се ретки.

Сличен инцидент се случил во ноември 2022 година, кога две лица загинале во полското село Пжеводов откако украински ракета за противвоздушна одбрана случајно паднала на полска територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk