ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО - Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Vecer | 17.08.2026

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО - Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи само една ноќ откако руските власти соопштија дека Украина извршила „најмасовен“ напад годинава, во кој загинале најмалку седум луѓе, пренесува „Би-би-си“.

Во исто време, во руските напади врз Украина во саботата вечерта загинале најмалку седум луѓе, а повеќе од 39 биле повредени.

Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година и сега контролира околу една петтина од украинската територија.

Во најновите украински напади биле запалени објект и оштетен автомобил во селото Колосково, во областа Валујски, во близина на руско-украинската граница, соопшти Шуваев.

Russia came under a massive drone attack overnight. The Ukrainian Armed Forces are once again targeting civilians and civilian infrastructure.

▪️In the Moscow Region, a drone crashed into a private home, killing an 83-year-old man. Three more people were injured in Podolsk. A… pic.twitter.com/8OxgJFIDnE

— 𝐃𝐚𝐯𝐢𝐝 𝐙 🇷🇺🇮🇪 (@SMO_VZ) August 16, 2026

Повреденото дете било пренесено во болница, додека на уште двајца луѓе им била укажана медицинска помош.

Украина во последните неколку недели ги засили нападите со дронови врз цели длабоко на руска територија.

Околу 820 украински дронови во саботата беа лансирани кон Русија, од кои 600 биле насочени кон Москва, според гувернерот на Московската Област. Тој нападот го опиша како „еден од најмасовните напади со дронови во поновата историја“ на руската престолнина.

Во нападите во саботата вечерта пет луѓе загинале во Ростовската Област, соопшти гувернерот. Во Белгород, пак, била убиена жена во напад врз автобус, додека 83-годишен маж загинал во напад со дрон во Московската Област.

Погоден бил и магацин на руската онлајн-продавница „Вајлдберис“. Украина од јули повеќепати ја гаѓа оваа компанија, која често се опишува како руска верзија на „Амазон“.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во последниот напад биле „онеспособени“ седум од 10-те најголеми логистички центри на „Вајлдберис“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk