logo
logo
logo

ВИДЕО | ХОРОР ВО ПАРИЗ - Маж со ножеви нападна три жени, па извика „Алах ми нареди да го направам тоа“

Vecer | 27.07.2026

ВИДЕО | ХОРОР ВО ПАРИЗ - Маж со ножеви нападна три жени, па извика „Алах ми нареди да го направам тоа“

Вооружен маж со два кујнски ножа нападнал три жени во близина на париската населба Порт де Клиши, при што две од нив се здобиле со тешки повреди. Напаѓачот е приведен од фанцуската полиција, а мотивот за нападот засега не е познат. На социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од нападот. 

Вториот дел од видеото го прикажува истиот маж како лежи на земја, додека неколку случајни минувачи го држат совладан. Во негова близина, на пешачкиот премин, се гледаат два ножа.

„Алах ми нареди да го направам тоа“, изјавува совладаниот напаѓач.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нунез, откри дека напаѓачот бил совладан и приведен од полициски службеник кој во моментот на нападот не бил на должност.

„Му оддавам признание, тоа беше храбар чин“, додаде Нунез.

Тој истакна дека мотивот за нападот се уште не е познат, додавајќи дека полицијата засега не успеала да го потврди идентитетот на напаѓачот, чии изјави за време на приведувањето биле „неповрзани и неразбирливи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk