logo
logo
logo

(ВИДЕО) ЈАПОНИЈА СЕ ТРЕСЕШЕ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА: Земјотрес од 5,9 степени, најмалку 37 повредени

Vecer | 23.08.2026

(ВИДЕО) ЈАПОНИЈА СЕ ТРЕСЕШЕ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА: Земјотрес од 5,9 степени, најмалку 37 повредени

Земјотрес со магнитуда 5,9 ја потресе источна Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, при што најмалку 37 лица се повредени, главно полесно. Земјотресот бил регистриран околу 2 часот по полноќ по локално време, со епицентар во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Најмногу повредени има во Токио – 15, а потресот предизвикал повреди и во Саитама, Канагава, Чиба и Ибараки. Засега нема опасност од цунами.

Повеќето од повредените паднале или се удриле во мебел и врати, бидејќи земјотресот ги затекнал додека спиеле. Дел од нив се повредиле и при станување од кревет во паника. Во Јокохама, во префектурата Канагава, жена во осумдесеттите години паднала од кревет и се здобила со тешка повреда на колкот.

Земјотресот предизвикал доцнења на брзите возови што го поврзуваат Токио со аеродромот Нарита, како и на дел од локалните железнички линии кон североисточниот дел на земјата. Брзите возови Шинкансен сообраќале нормално.

Во источниот дел на Токио пукнала подземна водоводна цевка, по што водата се излеала на улица. Дефектот во меѓувреме бил саниран и истекувањето запрено.

Јапонската влада формирала кризен штаб за проценка на евентуалните последици од земјотресот. Јапонската метеоролошка агенција ги повика жителите на погодените подрачја да бидат внимателни поради можноста за нов умерен земјотрес во текот на следната недела.

Јапонската нуклеарна регулаторна управа соопшти дека нема пријавени неправилности во работата на нуклеарните централи и другите постројки во кои се ракува со нуклеарни материјали.

Минатиот месец земјотрес со магнитуда од 7,1 го погоди подрачјето на Кумамото на островот Кјушу. Во земјотресот загинаа 38 лица, а 364 беа повредени

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk