Серија тешки сообраќајни несреќи се случиле за кусо време на автопатот Д1 во Чешка кај градот Вишков, на делница на која наеднаш паднала магла, а асфалтот подмрзнал, јавија локалните медиуми. Пожарникарите кои во неделата наутро дошле на местото за да спасуваат луѓе во удрените возила, биле изложени на голема опасност од коли кои налетале само неколку минути откако се случиле првите судири.
Драматичните снимки од овие моменти ги објави Чешката противпожарна служба. Само благодарение на среќни околности не дошло до уште посериозни последици, велат пожарникарите.
Во слични околности и густа магла, денеска на автопатот „Тракија“ во Бугарија се случи серија верижни несреќи во кои загинаа најмалку 12 луѓе, а околу 50 се повредени. Во Бугарија утре е прогласен ден на жалост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата