logo
logo
logo

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Vecer | 28.12.2025

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат одлуки, поради неисполнување на барањата на Лондон во врска со подобрувањето на соработката, објавија британските медиуми.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд предупреди дека Велика Британија би можела дополнително да ги заостри мерките, вклучително и целосно суспендирање на издавањето визи за ДР Конго, доколку соработката „не се подобри итно“.

„Очекуваме земјите да ги почитуваат правилата. Доколку нивниот граѓанин нема право да остане тука, тие мора да го примат назад“, нагласи Махмуд.

Постигнатите договори претставуваат прва значајна промена во рамките на реформите објавени минатиот месец, кои предвидуваат привремен статус на бегалци и забрзување на депортациите на луѓе што нелегално влегуваат во Велика Британија, проценуваат британските медиуми.

Шефицата на дипломатијата, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија од личи минатата година веќе депортирала повеќе од 50.000 лица без право на престој, што е зголемување од 23 проценти во однос на претходниот период, додавајќи дека на дипломатите им било кажано „враќањето да им биде врвен приоритет“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk