logo
logo
logo

ВАШИНГТОН ЈА СТЕГА КУБА СО НОВИ САНКЦИИ: Во американската мрежа се фати и внукот на Раул Кастро

Vecer | 04.09.2026

ВАШИНГТОН ЈА СТЕГА КУБА СО НОВИ САНКЦИИ: Во американската мрежа се фати и внукот на Раул Кастро

Новиот удар на Вашингтон врз Хавана носи санкции за пет кубански компании, но и за член на семејството Кастро. Американската администрација на Доналд Трамп го стави на санкциската листа и 31-годишниот Фидел Ернесто Кастро Калис, внук на поранешниот кубански лидер Раул Кастро, со што дополнително го засилува економскиот притисок врз комунистичките власти во Куба.

Американското Министерство за финансии соопшти дека на ажурираната листа на санкционирани субјекти, меѓу другите, се додадени кубанската државна банка „Banco Exterior de Cuba“, компанијата „Comercial Cupet SA“ што се занимава со продажба на горива и мазива, велетрговецот со машини „ABAPET“, како и компаниите „CEXNI“ и „NICAROTEK“ поврзани со рударската индустрија.

На листата, според „Блумберг“, се наоѓа и 31-годишниот Фидел Ернесто Кастро Калис, син на Алехандро Кастро Еспин, висок функционер на кубанското Министерство за внатрешни работи кој беше ставен под американски санкции во јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk